Анархистичка група ја презеде одговорноста за запалени автомобили и граѓаните ги повика да не паркираат до луксузни возила
П.С. Жалиме за фактот што беа уништени две неповрзани возила што беа до луксузните што ги запаливме. Во никој случај тоа не беше нашата намера и не сме рамнодушни за тоа. Би ги замолиле сопствениците на нелуксузни возила да избегнуваат да ги паркираат до луксузни возила, а со тоа да ни ја олеснат работата, сооппшти „Анархистички групи на ноќни инвазии“, како што самите се нарекуваат, го завршуваат опширниот текст објавен на анархистички сајт, преку кој ја преземаат одговорноста за запалените возила во текот на ноќта меѓу 21 и 22 јануари 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Анархистите објаснуваат дека на нивна мета се луксузни и скапи автомобили, велат дека сликата на десетици уништени возила „е слика на класната војна“ и ја уништуваат, како што пишуваат, „догмата на „Закон и ред“ што ја спроведува владата“, а „запалените луксузни автомобили испраќаат јасна порака до Нова демократија“.
-Луксузните возила што беа масовно изгорени, вредат повеќе од 40. 000 евра и се симболи на богатство и зачувување на класните привилегии на штета на сиромашните, социјално исклучените, маргинализираните во капиталистичкото општество, пишуваат анархистите
Паралелно, велат дека „секој/а може да помогне во борбата“.
-Возилото на еден цајкан кој не е на служба кое го паркира непосредно пред да влезе дома, на фашист кој е на мета поради неговите ставови, на сопственик на луксузен автомобил, може да биде мал симболички чин во големиот колективен обид, пишуваат „Анархистички групи на ноќни инвазии“.
Во периодот меѓу 1 и 3 часот по полноќ, на 22 јануари годинава, во неколку различни населби во Атина беа запалени 18 паркирани возила.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: 10 минути пред да пристигне полицијата Груби добил информација и побегнал
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“