Анализа за човековите права во процесот на лустрација во Македонија

Законите кои се однесуваат на процесот на лустрацијата не ја исполнија целта востановена во идејата процесот на демократијата да се овозможи во насока на прочистување на системот. Ова е заклучкот од на анализа на тема „Човековите права во процесот на лустрација“ кој денеска беше презентиран, а во организација на Институтот за човекови права, а поддржано од Амбасадата на Холандија во Македонија.
Во анализата се истакнува дека процесот на лустрација во Македонија влијаел на владеењето на правото и од гледна точка на хуманоста, приватноста, како и од морален етички сегмент.
Маргарита Цаца Николовска претседател на Институтот рече дека државата го прифати извештајот на Прибе и потребата од идните реформски активности како нешто што треба кризата да ја санира, меѓутоа, според неа, граѓаните беа погрешно информирани во смисла на тоа дека Законот за лустрација ја одиграл својата улога, завршил позитивно во таа насока и дека заради тоа сега се укинува.
- Државата не презентираше дека направиле нешто што беше круцијално во забелешките на Прибе, а тоа е да се детектираат негативностите коишто произлегуваат од овој закон. Пропустот е во времето кога е донесен тој закон. Секој стандард оди на таа линија дека таквите лустрациски процеси треба да се одвиваат веднаш по настанувањето на режимите, а кај нас тоа дојде после 18 години, истакна Николовска. Нагласи дека во ниту една одлука не е констатирано со што му е повредено некое друго човеково право на оној кој бил жртва на луѓето кои се лустрирани. Според неа, има пресуди коишто укажуваат на повреда на приватниот живот, и не само на жртвата што е лустрирана туку и на неговата поширока фамилија и членови на неговото семејство.
Во одос на работата на Комисијата за лустрација која има продолжен мандат уште една година, Николовска рече дека прашање е што ќе прави комисијата по одлуките кои ги донел Вишиот управен суд со кои се поништени решенија за лустрација, а сега постапката се враќа во надлежност на Комисијата.
Според амбасадорот на Холандија во Македонија Ваутер Пломп, многу важно е јавоста да биде информирана за димензиите на човековите права во овој процес што е овозможено во извештајот кој се презентира денеска.
- Многу општества се соочиле со многу предизвици од минатото. По распадот на комунистичкиот режим во деведесеттите години терминот лустрација влезе во употреба со тоа што се спречија соработниците од претходниот режим кои влијаеа на политичкиот систем. Во Македонија законот за лустрација се усвои многу доцна вклучуваќи го не само периодот на комунистичка Југославија туку и периодот 15 години по независдноста на Македонија. Ова создаде извесни дилеми и прашања во поглед на спроведувањето на процесот, тоа е едно од прашањата на кои што најчесто се осврнуваат земјите во поглед на проценката на напредокот. Последната пресуда на Европскиот суд на правдата даде многу јасна препорака, истакна Пломп и порача дека одмаздата не смее да преовладува врз процесот на демократијата.
За управно правниот пристап на лустрацискиот процес претставен во анализата говореше професотрот Темелко Ристески, додека за политичките, моралните и човечките импликации на процесот на лустрација во Македонија свое излагање имаше новинарот Манчо Митевски.
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
