Анализа: Швајцарскиот франк, јенот и данската круна се најстабилните валути во светот

Франкот, јенот и данската круна се најстабилните валути во светот и не им се заканува девалвација, изјави Михаил Шулгин, шеф на глобалното истражување во рускиот Откритие инвестментс.
Американскиот долар останува доминантна резервна валута. Од почетокот на 1970-тите, индексот на доларот во однос на кошницата на главни валути ретко се зголемуваше или опаѓаше за повеќе од 10 проценти на крајот на годината.
Само во седум случаи годишниот пад надмина 10 отсто, а во осум случаи растот за годината надмина 10 отсто. Во 21 век, индексот на доларот излегува од колосек од + 10% до -10% само четири пати: во 2002, 2003, 2005 година во 2014 година, прецизираше аналитичарот.
– Ако девалвацијата се однесува на девалвација на валутата во однос на доларот, која беше и остана најпопуларна резервна валута, тогаш, како што покажува историјата, од 1970-тите, швајцарскиот франк, јапонскиот јен и данската круна се најотпорни на девалвација. – објасни Шулгин.
Историските проценки за промените на доларот во однос на франкот, јенот и данската круна покажуваат дека депресијацијата на овие валути значително се намалила од почетокот на 2000-тите, рече финанскиот аналитичар.
Ново на Сител
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
-

Воскресна богослужба - Второ Христово воскресение во Соброрниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Со закана со нож украле пари од малолетници во Градски парк, приведени четворица разбојници
-

Приведени двајца крадци, одзеле личен накит од скопјанка
