Македонија
7. December 2017 - 16:19

Анализа: Што значат пораките на Јункер и Хан?

Брисел во овие моменти повеќе ги вреднува заложбите на владата на Заев за реформи во повеќе области и планот 3-6-9 отколку што ни зема вистинска мерка колку од тие реформи се реално спроведени. Изјавите на Јункер и Хан се повеќе охрабрувачки, отколку што навистина ни ветуваат брз почеток на преговорите со ЕУ. Сепак, добро е што стигнуваат вакви оптимистички изјави особено во контекст на реформите во судството, јавната администрација и разузнавачките служби. Ова е оценката на двајца политички аналитичари кои работат токму на прашањето на еу- агендата во Македонија

Изјавата на Јункер е отпимистичка, но не е ветувачка, не е ветувачка бидејќи не беше зпоменато дека Македонија ќе влез во стратегијата за влез во Унијата, а во која за 2025 година веќе се впишаа Србија, Црна Гора и Албанија.

Трошановски минатиот месец направил анализа колку се спроведуваат и исполнуваат реформите од Планот 3-6-9.

-  “Од делот исполнети се 40 отсто од реформите, дел беа немерливи, а дел не спроведени. Од делот шест, рефмрите се подобро организирани особено во делот ана админситрација, судство и разузнавачки случби има напредок но јас би рекол дека нема да се стаса со рокот“., изјави Марко Трошановски , Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје...„

Експертите го доведуваат во прашање и националниот консензус кој го бара Унијата во делот на евроинтеграциите.

-  Не верувам дека Советот ќе донесе некаква одлука особено ако нема битни поместувања периодов, а тоа тешко  ќе се постигне и имајќи ја предвид и ситуацијата со приведувањето на пратнеиците на ВМР-ДПМНЕ по што ја откажа безусолваната поддршка.“, вели Александар Кржаловски , МЦМС 

-  „ Опозцијата го блокира парламентот, а изјавата на Хан беше дека за овие прашања треба да постои национален консензус“,вели Трошановски  

Претседателот на Европската комсија  Жан Клод Јункер вчера по средбата со премиерот Заев во Брисел изјави дека е задоволен од досегашната работа и дека прогресот е значителен.  Јункер истакна дека сите земји од Западен Балкан имаат европска перспектива и дека во следните осум до девет месеци ќе одлучат како ќе продолжат со секоја од државите во овој процес, во зависност од постигнатите резултати.