Македонија
5. December 2022 - 21:15

Анализа: Што може Македонија да очекува од утрешниот самит ЕУ - Западен Балкан во Тирана

Македонија утре ќе седне на маса со европските државници во Тирана. За прв пат официјален Брисел одлучи земја домаќин на ЕУ самитот да биде земја која не е членка на Европска Унија. Што ќе значи ова за регионот? Според аналитичарите, Европската Унија преку утрешниот самит токму во Тирана, сака да испрати пораки за забрзување на процесот на проширување.

Македонија пак, од утрешниот самит треба да очекува политичка поддршка за уставните реформи, со што би започнале и официјалните преговори со ЕУ.

На тиранскиот самит, очекувањата на Владата пак се, полоправно членство на Македонија во ЕУ до 2030 година, како и справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

На утрешниот самит се очекува и да се потпише декларација со која ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот во 2023 година.

Нашата земја ќе ја претставуваат премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи Османи и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.