Loading Video...
Бизнис
6. April 2022 - 21:16

Анализа: Кога и по која цена треба да се набават енергенси за следната грејна сезона

Грејната сезона завршува за десетина дена, а кризната состојба на пазарот со топлинска енергија до крајот на месецов. 

Но, како ќе се врши набавката на гас за следната грејна сезона и по која цена, од БЕГ само кусо одговорија дека подготовките ќе почнат веднаш штом заврши оваа грејна сезона. 

Прогнозите на експертите не се отпимистички.  Сметаат дека и во следниот период цената на гасот ќе биде висока и наскоро нема да има стабилизација. 

А колкава сума ќе плати земјава за да го набави,  многу зависи и од тоа каков договор ќе биде направен со снабдувачот. Земјава целосно потребите на гас ги покрива од Русија. 

Димитров смета дека и во следниот период земјава ќе биде обврзана да набавува руски гас и покрај тоа што ќе треба да се плати во рубљи. Истото важи и за државите од ЕУ со образложение дека САДФ може да покрие смао дел од она што и е потребно на Европа.

Кризната состојба на пазарот со топлинска енергија беше прогласена за да може да се заштитат граѓаните од повиокси цени на парно греење. Со ваквата одлука, ЕСМ го презеде управувањето со БЕГ. 

Државните електрани добија буџетски пари за да купат гас, за потребите на „Балкан Енерџи“ за производство на топлинска енергија. Овие пари „Балкан Енерџи“ ќе треба да ги врати во 2023 година. 

Уште кон крајот на минатата година цените на енергенсите почнаа значително да растат, а со разгорувањето на руско-украинската криза состојбата дополнително се искомплицира.