Македонија
1. јуни 2023 - 21:29

Анализа - Каде се движи Македонија кон уставни измени или предвремени избори?

Дали уставните измени стануваат извесни бидејки се нужни за преговори со ЕУ или пак, откако агендата на власта и опозицијата за најавената лидерска средба не се поклопува, избори се насоката во која ќе се движи државата на есен?

За власта дилема нема, уставни измени или изолација. Изборите би биле во редовен термин, се уште цврсто стои на ставот премиерот Ковачевски.

Опозицијата пак, сосоема обратно: единствена правилна насока во која треба да се движи државата се избори. И Мицкоски цврсто стои на својот став: нема уставни измени под бугарски дикатат.

Аналитичарите велат двете прашања не се исклучуваат меѓусебно.

Арсовски вели дека поларизацијата на двата блока-про и контра ЕУ кој го форсира власта, може да се случи и во форма на предизборна коалиција, но и по објавата на резултатите од таквите избори.