Македонија
25. јуни 2021 - 16:48

Анализа: Граѓаните разочарани но поддршката за ЕУ останува, дали октомври е реална опција?

Над 15 години фрустрации на патот кон ЕУ и очекувања да почнат преговорите. Чашата ја прели последното вето од Бугарија. Граѓаните велат дека им е преку глава од блокади и чекање пред европските врати.

Но истражувањата покажуваат дека и покрај ваквите емоции, поддршката на јавноста за пристапување кон ЕУ е висока. Аналитичарите сметаат дека моменталните емоции се разбирливи, велат дека граѓаните не гледаат подобар алтернативен пат.

Граѓаните се најмногу разочарани од динамиката на пристапувањето. Но, за експерите можно е октомври да биде уште едно разочарување, и покрај надежта на власта во словенечкото претседавање.

Анкетата на ИРИ покажува дека процентот на оние кои сметаат дека земјата денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57 на 32 проценти.