Македонија
15. March 2021 - 21:18

Анализа - Дали серијата земјотреси во соседството и во Мавровскиот регион се поврзани?

Во пoследно време се почести се потресите во регионот и Македонија. Последната серија земјотреси го потресоа гостиварско мавровскиот регион, а пред неколку дена серии земјотреси имаше во Грција, во Албанија, во Хрватска Петриња. На што се должи ваквата активност и дали овие земјотреси се поврзани  Еве што вели  директорот на ИЗИС Влатко Шешов.

Невозможно е да се прогнозирa каде, кога и со која магнитуда ќе се случи некој потрес, објаснува директорот на сеизмолошкиот институт. Но, затоа постојат мапи на трусните подрачја, а во Македонија има повеќе такви. Најважно за безбедноста на населението е да почитуваат стандардите и прописите во градење, а тука најголем проблем се надградбите, вели Шешов.

Но, дури и кога се безбедно, луѓето во моментот на потресот паничат. Бидејќи тоа може да биде погубно, сеизмолозите советуваат во вакви случаи да не ја губиме присебноста.

Во петокот два земјотреса со сила од по 4 степени по Рихтер го потресоа мавровско - гостиварскиот регион, по што следеа низа помали потреси.