Македонија
5. October 2018 - 16:16

Анализа: Дали Македонија е поблиску до компромис, пазар или избори?

Лидерска средба меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за префлрање на процесот во Собранието или пак, брзи избори со ново мнозинство кое на грб ќе ги носи уставните измени. Ова се двете опции за кои отворено зборуваат и политичарите и аналитичарите во постреферендумска Македонија.  Двете најголеми партии исцртаа црвени линии, можен ли е некаков дговор и кое  кое од овие две сценарија е поизвесно?

Според аналитичарот Божиновски  брзите избори би потрошиле само непотребно време во реализацијата на Договорот од Преспа.

Наспроти него, професорот  Дујовски смета дека изборите се најрелано решение бидејќи до меѓупартиски договор тешко ќе се доаѓа.

Сепак, додава дека и предвремени избори не значат сигурен крај на политичката криза која произлезе од неуспешниот референдум.