Кошарка
4. February 2017 - 10:14

Анадолу Ефес ја прекина победничката низа на Цревена Звезда

 
  Екипата на Анадолу Ефес  ја прекина серијата од седум победи во низа на белградска Црвена Звезда во кошаркарската Евролига. 
 
Во последниот натпреар со кој беше комплетирано 21.коло во Евролигата, Анадолу Ефес на гостувањето во Белград ја совлада Црвена Звезда со 86-72. 
 
И на другите два натпревари кои беа одиграни синоќа победи забележаа гостинските екипи. Реал Мадрид го доби шпанското дерби против Басконија со 71-79, додека во Истанбул, Панатинаикос беше подобар од Галатасарај со 84-79.
 
На натпреварите одиграни ден претходно беа постигнати овие резултати:
Уникс Казан – Олимпијакос 75:90, 
Жалгирис – Барселона 89:85, 
Фенербахче – ЦСКА Москва 77:71, 
Бамберг – Макаби 90:75 и 
Милано Армани – Дарушафака 89:87.
 
Табела: Реал Мадрид 16-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 15-6, Олимпијакос 15-6, Фенербахче 14-7, Црвена Звезда 12-9, Панатинаикос 12-9, Басконија 12-9, Анадолу Ефес 10-11, Дарушафака 10-11, Жалгирис 9-12, Бамберг 8-13, Барселона 8-13, Уникс 7-14, Макаби 7-14, Милано Армани 7-14, Галатасарај 6-15.