АМСМ: Умерен сообраќај, на граничните премини нема подолги задржувања
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија.
Оттаму посочуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Утрово, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини беше зголемен, а на ГП Богородица се чекаше околу 30 минути.
Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат и оти на сила е забраната за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17:00 до 22:00 часот, во сабота од 09:00 до 18:00 часот и во недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Ново на Сител
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир