АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија, апелира на зголемена внимателност при управување со возилата.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателното и совесно возење, АМСМ препорачува задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата. Возачите се советуваат навремено да се информираат за состојбата на патните правци преку информативните центри.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила се воведени на планинските превои Стража, Маврово – Дебар и Пресека.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ посебно апелира на внимателно возење на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност од одрони.
МИА
Ново на Сител
-

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев
-

Амбасадорот Сулстром неделава ќе ги посети поголемите градови низ Македонија
-

Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница во Ереван
-

СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер
-

Трамп: САД ќе им помогнат на бродовите заглавени од блокадата на Ормуз
-

Седници на три собраниски комисии
-

Со исказ не вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
