-->
-->
АМС со бројни активности ја одбележува Европската недела на спортот
-->
Почитувани,
По повод одржувањето на ”ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ”, Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт директно се вклучува во одбележувањето на овој голем настан.
По тој повод ќе се одржат голем број спортски манифестации кои ќе ја одбележат ”ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ”.
На ден 15.09.2016 година (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11.00 часот, на фудбалското игралиште на ФК Локомотива до СЦ Борис Трајковски во Скопје ќе се одржат два фудбалски натпревари и тоа:
женски фудбал - основни училишта и машки фудбал - средни училишта
На ден 17.09.2016 година (САБОТА), со почеток во 17.30 часот на плоштадот Филип 2 во Скопје, ќе се одржи главната манифестација”ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ” со мото #БИДИАКТИВЕН на која свое учество ќе земат 25 национални спортски федерации (Триатлон, Бадминтон, Велосипедска, Атлетска, Стрелачка, Карате, Риболовна, Кик боксинг, Традиционално карате, Спортско качувачка, Планинарски спортови, Мечувалечка, Кајакарска, Аикидо, Боречки спортови, Џиу џица, Универзитетска, Таеквондо, Боди билдинг, Џудо, Самбо, Одбојкарска, Ракометна, Кендо-Иаидо и Сојузот на спортски федерации на Македонија). На овој голем спортски настан ќе бидат презентирани спортските активности на овие федерации, каде најмладите ќе имаат можност да се запознаат со вештините на овие спортови.
Целта на овој настан е да се зголеми свеста на младите, децата и на пошироката јавност за важноста на вклучувањето во рамките на активностите на училишните, универзитетските и спортските клубови, како и промоција на физичките активности во насока на подобрување на здравјето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо
-
30 години Сител со Ивце Пивце - Ај ти замижи
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ