-->
-->
АМС ќе гради 20 фитнес паркови
-->
Агенцијата за млади и спорт распиша јавна набавка за избор на фирма која ќе постави спортска опрема на отворено, во парковите низ земјава, во насока на реализација на новиот проект на АМС за изградба на нови урбани катчиња за спортување и рекреација. Предвидено е да се изградат модерни фитнес-зони, со различни справи и реквизити за спортување и вежбање на сите граѓани, а особено на најмладите. Фитнес-зоните ќе се поставуваат во парковите и други јавни површини во вкупно 20 општини во земјава, за што од страна на Агенцијата за млади и спорт се обезбедени околу 40 милиони денари. Изградбата се очекува да започне наесен.
Ова е еден од новите проекти на Агенцијата за млади и спорт и претставува продолжение на капиталните проекти за подобрување на спортската инфраструктура во целата држава. Покрај спортските сали, повеќенаменските и тениските терени, во следниот период Агенцијата за млади и спорт предвидува нови проекти за изградба на фитнес-зони, 150 игралишта за “street basket”, отворени и затворени пливачки базени како и нови скејт паркови за љубителите на адреналинските спортови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Започна новогодишното украсување во Центар
-
Залужни: Третата светска војна веќе започна
-
Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија
-
Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени
-
Мицкоски и Меџити ќе се обратат на свечена академија по повод Денот на албанската азбука
-
Медведев: Добивте тоа што баравте
-
Се очекува нормализирање на јавниот превоз во Скопје - Најавен протест околу 14 часот
-
Просечната нето плата во септември 41 585 денари