-->
-->
АМС: Изборот на најдобрите спортисти на 23. декември
-->
- Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Јахија Рефик за првпат беше избран за спортист на Македонија, оттогаш па наваму многу големи спортски имиња на државата се закитија со ова спортско одличје за нивните врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена, изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески.
Ова е уште една приредба која носи сатисфакција на спортистите, тренерите, раководствата на федерациите и клубовите, на новинарите, навивачите, со една единствена цел да се популаризира и афирмира спортот и да се глорифицираат нивните успеси.
Спасески ги информира присутните за кои категориите, начинот на изборот на спортистот и кој се учествуваше во гласањето.
- Номинирани спортисти беа во десет категории,како и три категории за најуспешните училишни спортски клубови во делот на основното, средното и високото образование. Номинациите произлегоа пред се од националните спортски федерации, од спортските новинари кои ќе учествуваат во самото гласање заедно со седумчлениот Совет за спорт, рече Спасески.
Во категориите со по пет кандидати за кои се гласаше со 1,2,3 4 и 5 поени, додека во категориите со три номинациие се доделуваа 1,3 или 5 бода.
Оваа година гласаа 28 спортски федерации и 12 медиуми.
Свеченоста на доделувањето на наградите ќе се одржи во среда на 23 декември во 19.00 часот во Македонскиот народен театар.
Најдобрите ќе добијат позлатена статуетка – силуета на спортист во движење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?