Ампева: Доколку работниците од православна вероисповед работат за Водици им следува празнична дневница
Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели за МИА, Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на своите работни места и ќе тече производството, но на работниците доколку се на работните места и за нивниот труд им следува празнична дневница.
-Ги известуваме работниците и работничките кои ќе работат на 19.01.2022 година, Богојавление – Водици, дека им следува празнична дневница поради работа на празник и доколку не им е соодветно платено кога ќе земат плата за јануари 2022 година, да пријават за да можеме да реагираме до Државниот трудов инспекторат со цел да се задолжат работодавачите да го исплатат секој труд кој работникот го вложува во своето работење за време на празници, вели Ампева.
Правникот во НВО „Гласен Текстилец“, Иван Николов објаснува доколку на пример дневницата изнесува 1.000 денари, а работникот работи утре за време на верскиот празник истата се зголемува за 50 отсто и тоа значи дека на платата за јануари треба да добие празнична дневница од 1.500 денари. Посочи дека загрижува тоа што утре поголем дел од погоните од текстилната индустрија ќе работат, а тие како „Гласен Текстилец“ будно ја следат ситуацијата и ќе достават пријави до Државниот инспекторат за труд по истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, за инспекторите да проверат дали на работниците им се исплатени празнични дневници. Во новиот Закон за работни односи ќе побараат сите верски празници да бидат неработни, освен за оние работници кои писмено ќе побараат да работат за време на празник, а за возврат да добијат празнична дневница.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата