АМЕРИТ: Неизбежни промени во транспортот од зголемување на акцизата за дизелот

По најавата за зголемување на акцизата за дизелот неопходна е детална анализа за влијанието, но неизбежно ќе има промени во транспортот, оценија денеска од Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај - АМЕРИТ.
- Неопходна е детална анализа за тоа колку и какво ќе биде влијанието, земајќи го предвид фактот дека промената нема да влијае само на транспортот. Во постојана координација сме со нашите членки, и будно ќе ги следиме процесите кои би случиле со оваа промена. Генерално, очекувањето е дека промена во патниот транспорот неизбежно ќе има, велат за МИА од СИЗ „Македонија сообраќај“.
Министерот за финансии Драган Тевдовски, вчера, претставувајќи го Предлог буџетот за 2018 година рече дека од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари.
Со зголемување на акцизата и пресметанито ДДВ цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари, но според Тевдовски и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе остане најниска во регионот.
Причина за зголемување се ЕУ препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Предлог-буџетот за 2018 година ќе изнесува 1,6 милијарда денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари и дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарната дипломатија е моќен демократски и мировен инструмент
-

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан
-

МАНУ одбележува 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Трето прекршување на примирјето меѓу САД и Иран
-

Анкета: Мнозинството Германци не гледаат изборни бенефити за конзервативците од замената на Мерц
-

Иранскиот претседател повикува на промена во стилот на лидерство во земјата
