Американско-руско одмерување на Балканот

Најновата тура на пригодни политички судири на двете традиционално најголеми светски сили потврдува некои стари, но многу деликатни сознанија за позициите на земјите од регионот во таков широк и секако ризичен контекст.
Најголемите светски сили и натаму наоѓаат простор за конфронтација на Западен Балкан, судејќи според изјавата која ја даде американскиот потпретседател Мајк Пенс во Црна Гора. Секако, се работи за традиционално најчувствителната релација САД-Русија, но прашање е како односите меѓу тие две земји реално се прекршуваат на младите држави настанати од СФР Југославија пред 25 години.
- Русија продолжува на сила да исцртува нови граници на Западен Балкан и прави се да го дестабилизира регионот, да ја разниша демократијата, меѓусебно да ве подели и да ве раздвои од Европа, рече Пенс во Подгорица.
Интересно е притоа дека во последното исцртување на новите граници во регионот, тие за независно Косово, токму Русите се спротивставија. Но, надвор од тој случај, Мајк Пенс очигледно мислеше на политичкото влијание кое Русија го остварува врз Србија, а такво сака барем во дел да реализира и во Црна Гора.
Меѓутоа, прашање е колку тука има само вишок реторика, со оглед на настаните. Американецот се обрати на собирот на западнобалканските членки на НАТО, со присутност на државните врвови на останатите земји од регионот. Освен тоа, се случи во време на најновите санкции за Русија, а кои американскиот Конгрес ги воведе кон крајот на јули.
Исто така, останува дилемата за реално оценетата улога и односот на Русија на Балканот и од друга страна за позицијата на САД во истиот дел на Европа.
Поразговаравме за тоа со двајца угледни политички аналитичари, кои подолго време ги разгледуваат меѓународните состојби во контекст на регионите на нивниот одек.
Томислав Јакиќ, коментатор од Хрватска со големо искуство, пред се има мислење дека регионот се поочигледно се претвора во уште едно подрачје на интереси на САД и Руската Федерација. Со напомена дека се оди во прилог на заклучокот дека Русија секогаш реагира, додека Американците ги повлекуваат првите потези.
- Сетете се само како и зошто Путин се откажа од проектот „Јужен поток“, кој и на земјите од регионот требаше да им овозможи непречено снабдување со енергија. Додадете го на тоа очигледниот американски притисок врз ЕУ, конкретно врз Германија, да се откаже од проектот „Северен поток 2“, кој дополнително би ги обезбедил потребите за енергенси на поголемиот дел на западна Европа и ќе биде јасно дека Русија главно само одговара, толкува Јакиќ.
Тој додава дека не треба да се наседнува на приказните за традиционалните пријателства или за вековни непријатели, бидејќи големите сили водат политика која ја диктираат само нивните интереси, како САД, така и Русија. - Прашање е само начинот и степенот на агресивноста. На малите земји им е примарно да ги задоволат своите интереси и да направат се да не станат објект за судири на големите, смета тој.
Но, токму Хрватска, според ставот на Томислав Јакиќ, со приближувањето кон Вашингтон создаде идеални услови кога тогаш да дојде под удар на руските контрамерки.
- И уште нешто: Трамп никако не успева да постигне единство внатре во својата администрација, па Југоисточна Европа станува по изразено подрачје не само на американско-руското конфронтирање, туку и на американско-американското, околу надворешната политика на САД, вели Јакиќ.
Босанско-херцеговскиот политиколог Нерзук Чурак пак смета дека за сите држави на западен Балкан најдобро е да негуваат добри односи со двете велесили.
- Но, во стварноста на меѓународните релации, за жал тоа очигледно не е можно. Доказ е Србија која само се залажуваше дека може да одржува политика на еквидистанца, со цел да го заштити својот интерес. Но, морам да кажам дека во контекст на вредностите на либералната демократија, сметам дека за тукашните земји подобра припадност на светот е процедурата од популизмот каков што го негува Русија и на пример Турција. А секако поради тоа и трансатланската заедница ни е попаметна опција од регионалната, верува Чурак.
Тоа се однесува и на моментот на најлошата досегашна Администрација на САД, администрацијата на Трамп, таа е најлоша во секоја смисла. Но, да не заборавиме дека САД е клучен актер на дејтонскиот мировен договор и дека се уште има голема одговорност за мирот во БиХ и во регионот, иако не сме мрднале ни чекор напред од самиот мир, продолжува нашиот соговорник од Сараево, проценувајќи дека земјите од регионот треба да стават крај на т.н. проклетство од неприпаѓање.
- Патот на Запад не смее никако да се заврши со Црна Гора, бидејќи регионот така ќе остане поле за поткусурување во интерес на некои од веќе наведените политики, заклучи Нерзук Чурак.
СЕЕбиз - Загреб
Ново на Сител
-

Млади лица со фантомки и дрвени палки забележани во центарот на Куманово
-

Кривична против тетовчанка за пуштање во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра
-

Малолетници предизвикале пожар во напуштен објект на Водостопанство
-

40-годишен маж приведен за семејно насилство, одземени пушка и пиштол од неговиот дом
-

Седум возачи приведени во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
-

„Дијамант“: Инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
-

Сојузот на борците од Тетово реагира: Лага е дека ученици во униформи и со оружје го славеле ослободувањето на градот
-

„Платете или ќе добиете казна од 20.000 денари“ – ПОЦ предупредува на лажни казни за паркирање
