Американско разузнавање: Рускиот државен врв е одговорен за хакерските напади
Шефовите на американските разузнавачки служби предупредија денеска дека Русија претставува најголема закана за многу американски интереси, тврдејќи дека за хакерските напади и објавувањето документи на Демократската партија за време на претседателските избори во САД е одговорно највисокото раководство на Русија.
- Проценивме дека само највисоките руски функционери би можеле да ги одобрат неодамнешните кражби и објавување податоци во врска со изборите, се наведува во заедничкото соопштение на директорот на Националната разузнавачка агенција, Џејмс Клапер, потсекретарот на одделот за разузнавачки прашања при Министерството за одбрана, Марсел Летр и директорот на Националната безбедносна агенција (НСА) Мајкл Роџерс.
Тие предупредуваат дека Русија претставува најголема закана за многу американски интереси поради својата „високо напредна кибер програма“ и софистицираните капацитети.
- Русија е голем актер во областа на кибернетиката и претставува главна закана за американската Влада, војска, дипломатската, трговската и клучната инфраструктура, оценуваат највисоките американски разузнавачи.
Клапер, исто така, истакна дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж со објавување на доверливите информации директно ги загрозил животите на Американците.
Ново на Сител
-
Кривична против 29 годишник, при претрес пронајдени се автоматска пушка, пиштол и 1.167 куршуми | ФОТО
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма