Американските законодавци повикаа да се создаде комисија како за 9.11 за да се испитаат немирите во Капитол
Пратениците од Демократската и Републиканската партија повикаа на создавање двопартиска комисија како онаа по терористичките напади на 11 септември 2001 година за да се испита зошто владата и службите не успеаја да ги спречат немирите во Капитол на 6 јануари.
Барањето уследи откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ослободен од обвинение за поттикнување на бунтовниците.
Комисијата ќе биде по моделот создаден по 11.09., кој ја испитуваше причината за терористичките напади и ќе излезе со препораки за тоа како да се предвидат и спречат слични напади во иднина.
Потребна ни е комисија од 11.09. за да откриеме што се случи и да се осигураме дека никогаш повеќе нема да се случи, и јас сакам да се осигурам дека Капитол ќе може подобро да се заштити следниот пат, рече сенаторката од Јужна Каролина Линдзи Греам.
Демократот Крис Кунс од Делавер се согласува. Тој исто така смета дека треба да се формира двопартиска комисија.
Седум републиканци им се придружија на 50 демократи во Сенатот за да го повикаат Трамп на одговорност за смртоносните немири во Капитол. Иако, за првпат во историјата, две партии собраа толкава поддршка за осуда на американски претседател, менаџерите за импичмент не успеаја да ги обезбедат потребните 67 гласови.
Но, Доналд Трамп може да биде повикан на одговорност и на друг начин – независна комисија. Планирани се и други истраги, две комисии во Сенатот ќе го истражуваат неуспех на службите. Во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси побара да се направи преглед на обезбедувањето на Капитол.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
