Американските меторолози го прдупредуваат Балканот: Пролетта носи големо невреме и поплави
Американската метеоролошка служба „Акјуведер“ (AccuWeather) објави временска прогноза за пролет 2018 во Европа, во која предупредува на висок ризик од поплави на Балканот поради чести врнежи дожд.
Иако во текот на поголемиот дел од зимата на Балканот е регистрирано помало количество дожд и снег од просекот за овој период од годината, метеорологот Ален Реперт наведува дека невремето од крајот на зимата ќе продолжи и во текот на пролетта.
„Акјуведер“ предупредува дека дождовите и невремето со грмежи ќе доведат до натпросечна количина врнежи во подрачјето од Грција до Романија и Унгарија. Се предупредува и дека поради слабо подвижните бури, се очекуваат врнежи на овие локации и повеќе денови последователно, што го зголемува ризикот од поплави.
Снег веројатно ќе паѓа на планините и во март, а во април само на највисоките точки, наведува „Акјуведер“ и истакнува дека промената кон поблаго време со дожд заедно со топење на снегот од планините го зголемува ризикот од поплави.
- Поплави поради чести врнежи и топење на снегот од планините се можни во подолг период, што би можело да доведе до доцнење во садењето посеви ширум Балканот, рече метеорологот Тајлер Ројс.
Ново на Сител
-

Шефицата на дипломатијата на Гренланд по средбата со Венс и Рубио: Притисокот беше неподнослив
-

Измамена 54-годишна жена - и ветиле стан во Скопје и работа за нејзината ќерка како цариник
-

Тепачка на скопскиот аеродром
-

Приведено лице од кумановско, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник
-

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307
-

Николоски - Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи
-

Бебето што почина било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата во Кавадарци
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
