Американски војник заробен од талибанците ќе биде суден за дезертерство
Американскиот војник Боу Баргдал, кој беше во заробеништво на авганитанските талибанци безмалку пет години, ќе биде изведен на судење пред Вишиот воен суд на САД, под обвинение за дезертерство.
Доколку биде прогласен за виновен, овој припадник на американските вооружени сили може да биде осуден на доживотен затвор.
Претходно, Баргдал требаше да биде суден од понизок воен суд, каде можеше да му биде изречена максимална казна затвор до десет години.
Неговиот случај беше префрлен во Вишиот воен суд, откако во разговор за еден интернет весник во САД, војникот призна дека самиот ја напуштил американската воена база во Авганистан.
Тој рекол дека заминал од својата позиција без дозвола на претпоставените, со намера да предизвика криза за да може да се истакне, како што објаснил, „лошото командување со неговата единица“.
Баргдал (29) беше ослободен од заробеништвото минатата година кога беше разменет за петмина талибанци, затворени во затворот на базата Гвантанамо.
Неговото ослободување беше поздравено од претседателот Барак Обама и од други американски функционери, но случајот набргу стана контроверзен, кога критичарите на размената укажаа дека целата постапка околу војникот е спротивна на официјалната позиција на САД дека нема преговори со терористи.
Републиканскте политичари сега го обвинуваат претседстелот Обама дека ги измамил и сосема погрешно ги информирал околу случајот со размената за американскиот заробеник во Авганистан.
Ново на Сител
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка