Американски сенатор: Најновиот твит на Трамп е најопасен откако е претседател
Американскиот сенатор од редовите на демократите, Крис Марфи го критикуваше денеска најновиот твит на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој смета дека е „можеби најопасен и најнеодговорен твит“ откако Трамп се наоѓа на претседателската функција.
- Милиони животи се доведени во прашање. Тоа не е игра, напиша Марфи на социјалната мрежа Твитер.
Белата Куќа во текот на денот одби да даде објаснување за најновата порака на претседателот Трамп, кој преку Твитер го употреби зборот „изнуда“ во врска со актуелната криза со севернокорејската нуклеарна програма.
Трамп предходно ја отфрли можноста за дипломатски преговори со Северна Кореја, која што вчера лансираше балистичка ракета преку северниот дел од Јапонија и предизвика осуда од целиот свет.
- САД разговараат со Северна Кореја и им исплатуваат пари за изнуда веќе 25 години. Разговорот не е одговор, напиша Трамп на Твитер.
Ново на Сител
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата