Американски разузнавачи тврдат дека Русите ќе го заземат Киев за најмногу 96 часа
– Тројца американски функционери за Њузвик изјавиле дека очекуваат украинскиот главен град Киев да падне во рацете на руските сили во рок од максимум 96 часа и оти отпорот на земјата брзо потоа ќе биде ефективно неутрализиран.
Официјалните лица, кои побарале да останат анонимни, рекле дека фокусот на Москва ќе биде да ги опколи украинските сили. Се очекува Киев да биде заземен во рок од 96 часа, а потоа и раководството на Украина за околу една недела.
– Војската можеби ќе издржи уште неколку дена, но и таа нема многу шанси, рече еден функционер, додавајќи дека Русија наскоро ќе премине на посеопфатни копнени операции.
Извор близок до владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така побарал да остане анонимен, се согласил со проценката на САД дека Киев може да биде опколен во рок од 96 часа.
Во меѓувреме, и други светски агенции јавија дека руските сили напредуваат кон главниот град на Украина.
Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, рече дека „Кабинетот на Зеленски смета оти Руската Федерација има две тактички цели – да заземе територија и да го нападне легитимното политичко раководство на Украина за да шири хаос и да инсталира марионетска влада за да потпише мировен договор за билатералните односи со Русија“.
– Непријателот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во големите градови, особено во Харков и Киев. Постои можност руските вооружени сили да ги окупираат владините квартови, додаде тој.
Ново на Сител
-
Додик во пресрет на пресудата повика на дијалог
-
Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти
-
Украина со дронови го нападна јужниот руски регион Краснодар
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит