Американски рагбист одби да стане за химната на САД во антирасистички протест
Американскиот спортист Колин Каперник играч на клубот Сан Франциско во Националната фудбалска лига (НФЛ), американска верзија на рагби, одби да стане при интонирањето на химната на САД, протестирајќи против расната политика во земјата.
Пред секој натпревар на НФЛ се интонира американската химна, но на последниот меч на неговиот клуб, Каперник демонстративно останал да седи на своето седиште.
- Не станувам да му одадам почит на знамето на земјата која врши насилство врз црните луѓе и врз другите обоени, изјави подоцна рагбистот.
Дел од публиката на стадионот, со свирежи и негодување го пречекала неговото појавување на теренот.
Во соопштението на клубот, по завршувањето на натпреварот, меѓутоа, му се дава поддршка на играчот, објаснувајќи го неговиот гест како „право на протест“.
Колин Каперник е 28-годишен спортист кој важи за еден од поуспешните во овој популарен спорт во САД.
Тој е дете од мешовит брак и израснал во семејство на бели родители.
По неколкуте инциденти во разни делови од земјата, во кои бели полицајци убија Афроамериканци под сомнителни околности, тој станал мошне активен на социјалните мрежи остро осудувајќи ја „бруталноста“ на полицијата.
Каперник посебно е револтиран што никој од полицајците инволвирани во инцидентите, не понесе одговорност.
Антирасниот протест на еден познат спртист, прв во САД, по подолго време, предизвика големо внимание во домашната јавност.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија