Американски и кинески претставници се скарале за „нуклеарното куферче“ за време на посетата на Трамп во Кина
Шефот на Кабинетот на Белата куќа, Џон Кели и вработен во американската тајна служба за малку ќе се степале со претставници на службите за безбедност на Кина за време на посетата на америкаснкиот претседател Доналд Трамп на Пекинг во ноември.
Причината била „нуклеарното куферче“ на американскиот претседател, јави американскиот портал Аксиос.
Инцидентот се случил за време на посетата на претседателската делегација на Парламентот. Еден од агентите на тајната служба, кој бил одговорен за транспорт на куферчето со нуклеарните кодови, се обидел да влезе во зградата заедно со останатите членови на делегацијата, но бил запрен од обезбедувањето.
Тој го повикнал Кели, кој му наредил да продолжи со останатите. Кели го фатил за рака претставникот на кинеските безбедносни служби, но Кинезот грубо го турнал. Тогаш агентот со куферчето го турнал Кинезот на земја.
Во ниту еден момент кинеските претстaвници не го допреле куферчето, а кинеските власти се извиниле за случката.
Нуклеарното куферче е црна чанта во која се наоѓаат тајните кодови со кои американскиот претседател може да даде наредба за нуклеарен напад. Соработникот на тајната служба, кој е одговорен за негов транспорт, во секој момент треба да е во близина на претседателот
Ново на Сител
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники