Американски гувернер смета дека лотаријата е спас за пензискиот фонд
Гувернерот на американската држава Њу Џерси, републиканецот Крис Кристи смета дека лотаријата е адут за решавање на еден од финансиските проблеми во државата – постојаните обврски спорема пензионерите од јавните служби.
Идејата за поврзување на лотаријата со пензиите постои со години, но со закон со поддршка од гувернерот претставен е оваа недела и предвидено е лотаријата да биде во сопственост на пензискиот фонд во следните 30 години.
Аналитичари сметаат дека тој ангажман не е штетен, но нема согласност за тоа колку може да помогне.
– Бројките во таков случај се подобри, но состојбата би била под знак прашање, смета Лиза Вашбурн директорка на фирма која анализира владини политики.
Од стапувањето на функција во 2010 година на Кристи, државата придонесе со повеќе од шест милијарди долари во пензиски фондови, кои претходни гувернери често ги прескокнувале уплатите. Така само растел долгот кон пензионерите.
По сите мерила, тоа е една од најголемите неизвршени финансиски обврски во САД. Постои согласност дека лотаријата може да и гарантира прилив на пари на државата како придонес во пензискиот фонд. Тој приход изнесува повеќе од една милијарда долари годишно, и е нешто повеќе од една петтина од пет милијарди долари што државата мора годишно да ги придонесе за да се финансираат во целост пензиските фондови.
Предлогот на Кристи за буџетот за фискалната година што почнува на 1 јули предвидува околу 2,5 милијарди долари пензиски придонеси што би било рекорд. Но, засега приходот од лотарија се користи за да се платат институции меѓу кои и универзитети, болници, дом за војници со инвалидитет и државата треба да најде нов извор.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер