Американски Ф-16 се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, пилотот спасен
Американски борбен авион Ф-16 денеска се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, а пилотот е спасен, соопшти единицата на американското воздухопловство стационирана во таа земја.
F-16 Fighting Falcon доживеа „итен случај за време на летот“ над морето и се урна, се вели во соопштението на единицата.
Пилотот, кој безбедно се катапултирал и бил спасен приближно еден час подоцна, е свесен и е пренесен во медицинска установа за евалуација.
Ова е втора несреќа на Ф-16 за малку повеќе од еден месец во земјата.
Во градот Гунсан на западниот брег е сместена една од двете главни воздушни бази што ги користи американската војска во Јужна Кореја.
Во декември, уште еден Ф-16 се урна за време на рутински тренинг лет, а пилотот исто така беше спасен.
Ново на Сител
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот