Македонија
3. March 2019 - 11:46

Американски државјанин повреден на скијање на Пелистер

Вчера во 14 часот во Центарот за известување и команда Битола, од Итна медицинска помош - Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола бил пренесен 37- годишниот Д.Ц, државјанин на САД, кој се повредил при пад на скијање, се вели од соопштението од МВР.

Кај Д.Ц. е констатирана тешка телесна повреда, што ја здобил при учество на турнир во скијање што се одржувал во скијачкиот центар Копанки-Пелистер, информира МВР.