Американската сенаторка под истрага на Тајната служба за коментар за Трамп на Фејсбук
Американската тајна служба ги истражува коментарите на сенаторката од Мисури, демократката Марија Џепел Надал, искажани на Фејсбук, а во кои, наводно, кажала дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде убиен, пренесе Си-Ен-Ен.
Нејзините коментари подоцна биле избришани, но не минаа незабележено.
Портпаролката на Тајната служба, Кејти Милхоан, во соопштение наведе дека Канцеларијата на Тајната служба во Сент Луис ги истражува коментарите на Надал, како и дека Тајната служба ги истражува сите закани против претседателот, потпретседателот и другите избрани лица, без разлика дали се директни или индиректни, или во прашање се минливи коментари.
Надал кажа дека не сака било кој да биде убиен, но дека Трамп не треба да биде претседател и дека треба да биде отповикан.
Таа се извини за инцидентот и кажа дека била исфрустрирана од политичката клима што во моментов владее.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло