Американската амбасада во Бејрут и британската Влада ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

Амбасадата на САД во Бејрут и британската Влада денеска ги повика своите граѓани да го напуштат Либан, поради страв од судир меѓу Израел и либанското движење Хезболах.
И покрај суспензијата и откажувањето на летовите за Бејрут, „комерцијалните опции за летови за напуштање на Либан остануваат достапни“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.
„Ги охрабруваме оние што сакаат да го напуштат Либан да резервираат кој било достапен билет, дури и ако тој лет не е веднаш спроведлив или не ја следи рутата по нивен избор“, се додава во соопштението.
И британската Влада денеска ги повика своите граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата поради страв од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах и поширок регионален конфликт.
-Тензијата е висока и ситуацијата може брзо да се влоши, рече британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.
„Додека продолжуваме да работиме на зајакнување на нашето конзуларно присуство во Либан, мојата порака до британските граѓани таму е јасна – заминете веднаш“, се додава во соопштението, пренесено од француските медиуми.
Убиствата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во средата, за кои е обвинет Израел, и на високиот воен командант, Фуад Шукр, во предградие на Бејрут во израелски напад, ја зголемија опасноста конфликтот да ескалира во сеопфатна регионална војна.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
