Американска Тајна служба: Скоро 100 милијарди долари украдени во фондови за помош на пандемијата
Речиси 100 милијарди долари се украдени од американските програми за да помош на бизнисите и луѓето кои изгубија работа за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти американската Тајна служба.
– Проценката се заснова на случаи на Тајната служба и податоци од Одделот за труд и администрацијата за мали бизниси, рече Рој Дотсон, национален координатор за наплата на измами од пандемијата на агенцијата. Тајната служба не вклучи случаи на измама со Ковид-19 кои ги гони Министерството за правда, пренесува Гласот на Америка.
Украдените средства сочинуваат околу 3 отсто од 3,4 трилиони долари помош за луѓето и бизнисите. Но, околу 87 отсто од украдените пари можеби отишле на измама поради невработеност. Се претпоставува дека значителен дел од нив можеби биле незаконски исплатени. Тајната служба замрзна 1,2 милијарди долари владини пакети за помош за време на проверките за можна измама со обештетувања поради невработеност или измами со кредити. Сега има околу 900 истраги во сите американски сојузни држави, а досега се приведени 100 лица.
Ново на Сител
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија
-
Поранешните директори осудени по 1,5 година затвор за пожарот во модуларната болница
-
Сè поголем број ментални заболувања кај младата популација, посета на психолог и психијатар сè уште табу тема
-
Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење
-
Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
-
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник пониски утрински температури
-
Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир
-
Македонскиот репрезентативец Митровски во трка за најдобар фудбалер во Хрватска