Американец си имплантираше безжични чипови

Биохакерот Амал Графстра од Сиетл, си вградил безжични чипови во рацете, со коишто тој ќе може, како со далечинско, да ја отвора влезната врата, да ги пали моторот и автомобилот, и да работи на компјутер, пишува „Дејли Мејл“.
Чиповите се поврзани со радиобранови и кодови, програмирани во предметите и објектите. Така, Графстра може да ја отвори вратата со само едно доближување на раката до неа.
Првиот имплант 40-годишниот Амал си го вградил во 2005 година, кога работел како компјутерски консултант за неколку клиники. Потоа, Графстра основал компанија за производство и достава на микрочипови. Кога собрал доволно финансиски средства, се одлучил на овој чекор, којшто му го направил животот „попрактичен“.
Моментно во светот околу 10 000 луѓе користат чипови вградени во телото.
Ново на Сител
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
