Живот
22. September 2019 - 20:52

Американец нуркаше за да ја запроси својата девојка: Не преживеа за да го слушне нејзиниот одговор

Ожалостена девојка објави ужасна снимка од своето момче кое ја запросило само неколку моменти пред да се удави.

Двојката била на годишен одмов во Танзанија кога Стивен Вебер Јуниор од Батон Руж, во Луизијана нурна за да ја запроси Кенеша Антон.

Таа на социјалните мрежи сподели видео и слики до запросувањето од страна на Стивен.

„Немам доволно зборови со кои би му оддала почит на прекрасната душа како што е Стивен Вебер Јуниор. Беше прекрасна светлина за сите кои те познаваа“.

„Никогаш не исплива од тие длабочини, така што никогаш не го слушна мојот одговор: „Да! Да! Милион пати, да, ќе се оженам за тебе“.

„Никогаш не успеавме да се прегрнеме и да го прославиме почетокот на остатокот од нашиот заеднички живот, зошто најдобриот ден од нашиот живот се претвори во најлош, во најсуровиот сплет на околности кои судбината може да ги смисили“.

На видеото може да се види Стивен како плива под вода и држи Зиплок вреќичка во која има порака напишана на рака.

На едната страна од листот пишувало „Не можам доволно долго да го задржам здивот за да ти кажам се што сакам кај тебе. Но...се што сакам кај тебе секој ден го сакам повеќе!“.

Така Стивен ја побара за жена Канеша, а потоа извлекува прстен и ја отвара кутијата додека таа возбудено се смешка во позадината.

Официјално лице од американскиот Стејт департмент рече во петокот дека се запознаени со извештаите за смртта на американски државјанин во Танзанија, наведува Адвокејт.

„На семејството му упатуваме најискрено сочуство по повод нивната голема загуба. Подготвени сме да им ја прижиме соодветната конзуларна помош“.

Објавата на Фејсбук привлече национално внимание, собирајќи над 1.400 реакции и 212 коментари.

Nije objavljeno kako se dogodio incident sa utapanjem.