Амели де Моншалан: Франција смета дека процесот на преговори треба се реформира
Денеска не сум тука со позиција да бранам вето. Ќе разговараме за две димензии – отварање на преговори од страна на една подготвена Европа и реформа на процесот на преговорање, изјави францускиот државен секретар во европски прашања Амели де Моншалан пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург на кој треба да се расправа и за старт на пристапните преговорите со Северна Македонија и Албанија.
– Тоа е долг и фрустрирачки процес за земјата која прегопвара и не создава доверба. Затоа ова е одлична шанса да разговараме како Европа може да ја реформира целокупната постапка за преговарање и пристапување. Станува збор за самиот процес кој мора да биде ефикасен и самите преговори да имаат структура. Франција смета дека Европа треба се реформира. Сите земји од Балканот имаат европска перспектива и тука нема двојби, но треба да изнајдеме кредибилни начини со цел да се создаде доверба и во регионот и во Европа. Граѓаните се тие коиј не се задоволни, рече Моншалан.
Ново на Сител
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус