-->
-->
Амди Бајрам за Сител: Ја одложивме свадбата
-->
Свадбата на внуката на Амди Бајрам е одложена.
Ова за Сител го потврди поранешниот пратеник Амди Бајрам. Тој вели дека причината за одложување на прославата се токму мерките воведени поради коронавирусот. Претходно на социјалните мрежи беше објавена фотографија од поканата на семејството Бајрам на која се гледа дека свадбата била закажана за утре во 19 часот во општината Шуто Оризари.
Здравствените власти посочуваат дека токму ваквите семејни прослави во изминатиот период се главен извор за ширењето на корона вирусот.
Елена Милошевска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон