Македонија
30. January 2018 - 16:28

Амбасадорот Жбогар е оптимист дека со дијалог може да се најдат најдобрите решенија

Евроамбасадорот Самуел  Жбогар се надева дека Македонија ќе постигне национален консезус по прашањето со името. Тој уште еднаш ја поздрави средбата на политичките лидери кои седнаа на заедничка маса за да раговараат за ова  стратешко прашање. Според него добра вест е и доаѓањето на медијаторот Метју Нимиц во регионот бидејќи како што рече само преку дијалог може да се најдат најдобрите решенија.

,, Мислам дека во изминатите неколку месеци видовме многу контакти кои што се воспоставија помеѓу двете двете влади,  помеѓу владата на Република Македонија и владата на Република Грција, мислам дека можеме да го наречеме тоа како еден период на загревање за преговорите. Исто така можевме да видиме дка имаше и состанок помеѓу двата премиери на двете држави во Давос и се рабира дека ние како Европска унија го поздравивме тој состанок. Исто така пристигнувањето на медијаторот Нимиц мислам дека претставува индикатор дека преговорите може да започнат, дека всусшност започнуваат и исто така имаме надеж дека тие преговори ќе можат да дадат некој резултат кој што ќе биде задоволителен за двете страни.. рече евроамбасадорот Самуел Жбогар

Евроамбасадорот Жбогар најави дека Европската комисија веќе следната недела ќе ја објави стратегијата за Западен Балкан.  Детали не соопшти но потенцираше дека стратегијата претставува визија на Европската Унија за тоа како гледа  на регинот понатаму во процесот на проширување. Тој додаде дека големи очекувања имаат и од претстојниот состанок на европскиот совет на кој треба се носат многу важни одлуки кои се поврзани со процесот на проширување на унијата со земјите од Западен Балкан и можноста да се отвраат претпристапни преговори со некои земји.