Балкан
5. November 2015 - 21:34

Амбасадорот на САД во Романија ги поздрави масовните протести

Амбасадорот на САД во Романија Ханс Клем ги пофали масовните протести против корупцијата и ги охрабри Романците да бидат ангажирани.

- Изминатите денови во исто време беа динамични и многу ефективни. Ги поздравуваме слободата на медиумите и здружувањето, што не беа пропратени од насилство и ги охрабруваме сите Романци да останат ангажирани во граѓанскиот процес, изјави амбасадорот Ханс Клем.

По пожарот во ноќен клуб во петокот во Букурешт, во која загинаа 32, а приближно 200 беа повредени, Романија е зафатена од протести, кои продолжија и по вчерашната  оставка на премиерот Виктор Понта. Демонстрантите бараат подобра власт и поголема отчетност.