Амбасадорот Гарет на проштална средба со заменик-министерот Жерновски

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска имаше средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија Чарлс Гарет по повод завршувањето на неговиот мандат предвидено за почетокот на идниот месец.
Како што соопшти МНР, Жерновски се заблагодарил за работата и активниот ангажман на британскиот амбасадор во остварувањето на неговата дипломатска функција во Република Македонија и унапредувањето на односите меѓу двете земји во изминатите четири години.
- Двајцата соговорници го поздравија нагорниот тренд на билатералните политички односи, а во тој контекст ја нагласија неодамнешната историска посета на британскиот премиер Тереза Меј, како и заедничката изјава за партнерство и соработка, која министрите Димитров и Данкан ја потпишаа во Лондон. Реализираната посета и потпишаната заедничка изјава претставуваат недвосмислен показател за интересот и поддршката на Обединетото Кралство за Република Македонија и за регионот, наведува МНР.
Жерновски и Гарет размениле мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, како и за реформската агенда, пред се во областа на правосудството.
- Се разговараше и за постигнатиот договор помеѓу премиерите на Република Македонија, Зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас, за надминување на повеќедеценискиот спор, при што амбасадорот Гарет ја поздрави храброста и лидерството на македонскиот премиер. Исто така, амбасадорот Гарет истакна дека британските интереси за стабилен и просперитетен Западен Балкан остануваат непроменети, изразувајќи уверување дека поддршка од Обединетото Кралство за Република Македонија нема да изостане ниту во наредниот период, соопшти МНР за средбата на заменик-министерот за надворешни работи Жерновски и британскиот амбасадор Гарет.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
