Амбасадата на САД збунета од изборот на Абази, Фатиме Фетаи се повлече од трката за виш јавен обвинител
Амбасадорката на Соединтетите американски држави, Анџела Агелер, е незадоволна од изборот на Абази за прв човек на Обвинителството кое гони криминал и корупција.. На прашања од „360 степени“ таа остро го критикува целиот процес кој како што пишува Агелер е збунувачки, особено што Амбасадата платила милионски суми за обуки на обвинители и судии..
„Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, Пишува Агелер за „360 степени“
Во меѓувреме на повидок е уште еден сличен избор, овој пат за прв човек на Вишото обвинителство во Скопје.. Советот на Јавни обвинители информира дека Фатиме Фетаи се повлекла од трката за раководната позиција.. Одлуката ја испратила по електронска пошта, а со порака го информирала и Претседателот на Советот..
Тонско Антонио Јолевски (телефонско)
Обвинителката на поранешното СЈО, денеска не е достапна на телефон да одговори зошто се одлучила на таков чекор.. Од Советот велат дека минатата недела таа била на интервјуто за позицијата Виш обвинител во Скопје, но ништо не навестувало дека има намера да ја повлече кандидатурата..
Повлекувањето на Фетаи се случува по само неколку дена откако Советот на јавни обвинители го одложи изборот.. Седницата почна со задоцнување од час и половина, а членовите на советот побараа дополнително време да ги разгледаат документите на тројцата кандидати..
Со повлекувањето на Фетаи, во трката за раководното место на обвинителството кое постапува по жалби на првостепени пресуди, останаа досегашниот шеф Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар