Свет
9. April 2016 - 17:28

Амбасадата на САД предупредува на реални закани во Истанбул и во Анталија

Амбасадата на САД во Турција денеска ги информира своите граѓани дека сознанија за реални закани во туристичките зони во Истанбул и во јужниот град Анталија.

Во соопштението објавено на интернет-страницата на  Амбасадата на САД во Турција се наведува дека американските граѓани треба да се посебно внимателни на плоштадите и кејовите.

Амбасадата истакнува дека американските граѓани за својата лична безбедност треба да ги следат и локалните медиуми.