-->
-->
Амбасада на САД: Бејли не се меша во работата на ДИК
-->

Американската амбасада во Македонија преку соопштение реагира на, како што наведува, неточните информации според кои амбасадорот на САД се меша во работата на Државната изборна комисија.
- Со загриженост ги следиме неточните информации според кои амбасадорот на САД се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за лажни вести или теории на заговор. За да појасниме, амбасадорот на САД ниту се сретнал, ниту посетил или интервенирал кај некого во ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Македонија за отворен, транспарентен и кредибилен демократски процес. Ова вклучува разгледување на жалби и приговори во рамките на македонските закони, стои во соопштението од Амбасадата на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
