Џет-Сет
9. February 2017 - 8:53

Амал Клуни очекува близнаци

Сопругата на Џорџ Клуни, познатата британска правничка и активистка за човекови права со либанско потекло, Амал, е бремена и очекува близанци, обзнани еден нивни семеен пријател, кој сакал да остане анонимен.

- Таа е бремена и носи близанци, изјави тој без да открива други подробности околу полот на бебињата или пак за датумот на породувањето.

Триесет и деветогодишната правничка и 55-годишниот холивудски заводник се венчаа во Венеција во 2014 година.

Меѓу клиентите на Амал се и поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.