-->
-->
Алвеш обвинува дека управата на Барселона не ги почитува своите фудбалери
-->

Бразилецот, Даниел Алвеш ја критикуваше управата на својот поранешен клуб Барселона, изјавувајќи дека челниците на клубот не знаат како да се однесуваат кон играчите.
Алвеш минатото лето како слободен играч од Барселона мина во редовите на италијанскиот првак Јувентус, откако претходно мина осум сезони на „Камп Ноу“.
- Последните три сезони постојано слушав дека ќе заминам од Барселона, но никој од управата ништо не ми соопшти лично. Тие не ме почитуваа. Ми понудија да го продолжам договорот дури кога ФИФА им забрани да прават трансфери. Луѓето кои сега ја водат Барселона не знаат како да се однесуваат спрема своите фудбалери, изјавил Алвеш во интервју за шпанскиот весник „АБЦ“.
За Алвеш кој со Барселона освои вкупно 23 трофеи, сега единствен приоритет е настапот во дресот на Јувентус и зацртаната цел, тој да стигне до шестата шампионска титула во низа.
- Сакав да пробам нешто ново, а притоа да играм на високо ниво, во успешен клуб со историја кој има нови предизвици. Минав во Јувентус бидејќи по природа сум победник, иато како што и мојот клуб е научен да победува. Среќен сум овде и знам дека ме чекаат дови возбудувања, предизвици со оваа голема екипа, изјавил Алвеш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
