Алушовски: Да стартуваме со победа во СЕХА лигата
Македонскиот ракомет и оваа сезона ќе има два претставника во СЕХА лигата. На местото на Металург оваа сезона ќе дебитира битолскиот лигаш Еурофарм кој својот дебитантски натпревар го игра в среда против рускиот Спартак Москва.
Битола со нетрпение го чека терминот во среда од 20.45ч кога ќе започне првиот историски меч за Еурофарм Работник во регионалната СЕХА лига. Тренерот на екипата Стевче Алушовски е свесен за предизвикот против рускиот тим и се надева на добар натпревар бред бројните фанови.
Љубителите на ракометот за првпат оваа сезона ќе гледаат СЕХА лига во Битола и Москва , лига која стартува денеска со натпреварот Војводина – Нексе. Утре на програмата се две средби а бранител на трофејот е европскиот првак Вардар кој ги одигра сите 8 сезони. Поен плус за СЕХА лигата сигурно е камбекот на унгарскиот Веспрем кој заедно со Вардар е најуспешниот тим во ова натпреварување.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар