Алуминиумски или челични: Какви бандажи да оберете за зимски услови?
Возачите во Македонија за време на зимскиот период воглавно бираат челични бандажи, но има и таква на кои им е битна естетиката па ни во зимски услови не се откажуваат од алуминиумски бандажи.
Интересна тест разлика помеѓу овие два вида на бандажи направил финскиот "Youtube" канал "Hydraulic Press Channel".
Тие под хидраулична преса ставиле алуминиумски и челичен бандаж како би дознале како се однесуваат под големо оптеретување.
Додека алуминиумскиот бандаж е способен да поднесе поголема сила од челичниот, потполно различно реагира кога се преминува прагот на толеранција.
Додека челичниот само се свива, алуминиумскиот пука, па според тоа челичните бандажи се подобар избор за зимски услови.
Резултатите од овој тест не се неочекувани, но е занимливо да се види како под исти услови реагираат различни материјали.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените