Македонија
1. February 2023 - 16:40

Алтернатива вечерва ќе го разгледува своето идно учество во Владата

Алтернатива на Гаши вечерва во Гостивар на состанок ќе разговара за влезот на Алијанса на Албанците во владинитата коалиција и можноста Таравари да преземе некои од нивните ресори. Состанокот доаѓа само ден откако и Таравари и Ковачевски речиси ги усогласија програмските цели за соработка, а останаа само кадровските решенија и откако СДСМ и официјално донесе одлука да се прошири мнозинството со Алијанса.

Од Алтернатива велат дека конечна одлука за тоа дали партијата останува во Владата на Ковачевски по влезот на Алијанса нема да биде донесена вечерва, туку ќе се чека средба Ковачевски –Гаши на која се очекува премиерот да ја даде понудата до Алтернатива за тоа кои ресори би останале на партијата.

Остануваат на ставот дека за нив важи договорот Заев-Гаши со кој добија две министерски позиции во здравство и јавна администрација и ендо без ресор, и дека засега се подготвени само за кадровска промена на Сали од здравство доколку Ковачевски бил незадоволен од неговата работа.

Во, меѓувреме како што брифираат од  преговарачките тимови на Алијанса и СДСМ деновиве ќе има интензивни преговори за кадровските решенија. Информациите се дека Алијанса преговара за цел пакет на функции што би ги добила партијата. Првичните процени се дека преговорите СДСМ – Алијанса би завршиле до понеделник.

Останува засега распределбата здравство од Алтернатива и правда од СДСМ, како и плус уште едно министерство. Таравари инсистира и на тоа партијата да добие раководни позиции во сите институции поврзани со броба против корупцијата, како УЈП, Царина и Финансиска полиција.

За сметка на ова, ДУИ би разменило некое министерство од образование и екологија.

Министрите засега велат не се информирани за рокади.

Официјално од СДСМ без детали за преговорите.

Но, дури и со проширување на владинотот мнзоинство со 8те пратеници на Алијанса бројката од 80 за уставни измени се уште е недостижна. Дополнително, Ковачевски се уште не го има изгасено пожарот од огнената група во ДУИ, која исто така располага со 3 до 4 пратеници.