Македонија
5. October 2021 - 13:37

Алтернатива: Отпуштен од работа кандидат за советник во Чаир на коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците

Кандидат на листата на советници на Алтернатива – Алијанса за Албанците за Општина Чаир, Џелал Хајдари, вчера добил отказ од работното место во ЈСП – Скопје, соопшти денеска Алтернатива и обвини дека зад тоа стои Демократската унија за интеграција.

– Со оглед дека нема друго образложение, ние не може да не констатираме дека ова е одмазда на на ДУИ, поттикната од ниски мотиви и страв од пораз на изборите. Да се отпушти некој од работа само затоа што е дел од листата на советници на друг политички субјект, иако не е член, ниту пак активист на ниту една од партиите во коалицијата е зло само на тие што прават измами со договори и крадат, се вели во соопштението на политичката партија Алтернатива.

Воедно, од таму ги повикуваат меѓународните организации во државата да реагираат и да ги таквите злупотреби.