Македонија
17. February 2023 - 16:34

Алтернатива бара меѓународен мониторинг на судски случаи, корупцијата услов за Уставот

Приклучувањето на Алијанса кон мнозинството, може да формира нов албански опозициски блок во Собранието. Довчерашниот владин партнер Алтернатива не исклучува ваква можност.

Од партијата денеска го обвинија Ковачевски дека нивното клучно коалициско барање за меѓународен мониторинг на судските процеси Монструм, Диво насеље, Сопот, сега го користи за купување на пратеници. Но и покрај тоа го охрабрија премиерот ова барање конечно да испрати до Европската комисија,  

Но,го повикувам, прати го писмото уште денес и припиши ги заслугите на кого сакаш. Иако автор на тоа писмо сум јас - лично, нема никаков проблем, припиши му го и на некого кој не знае да напише ниту две реченици. Прати го писмото до Европската комисија и ние ќе аплаудираме. Само не се шегувајте повеќе со оваа тема. За нас поважно е да се заврши работата, а не чија била идејата, кој го напишал или слично, вели Зеќирија Ибраими, генерален секретар на Алтернатива.

Одговор добија од нивниот доскорешен член. Скендер Реџепи вели дека сега е многу доцна да бараат реализирање на нивната програма.

Жално е што 12-13 месеци беа власта и ниту една не го дигнаа гласот за оваа тема. Тек сега откако се во опозоција леат крокодилски солзи колку им е тоа важно, класична и срамна злоупотреба. Ние сме убедени дека тие случаи се политички монтирани, вели Реџепи

Нови судења и меѓународен мониторинг за Монструм Диво насеље Сопот и малиот Алмир, се повеќегодишни барања на сите албански партии, кои стануваат актуелни при договарање на коалиции. За да ја добие поддршката од Скендер Реџепи, премиерот вчера потврди дека е подготвен вакво барање да испрати до Европската комисија.